Сер Френк до Клер Вилијамс: С***е ситуација, но продолжи да се бориш!

293

Проблематичната сезона за Вилијамс не покажува знаци на подобрување, но Клер Вилијамс нема намера да се откаже од својата позиција како заменик тимски шеф. Тимот од Гроув е на задните редови од почетокот во Мелбурн, најмногу поради недостаток на перформанси во нивниот разочарувачки болид.

Потешкотиите и последните редови очигледно поттикнаа прашања околу одделот за инженеринг во екипата, но и менаџментот, дури и иднината на самата Вилијамс.

Секако дека размислувам околу заминување. Се запрашувам дали сум вистинскиот човек за работата. Доколку некој во Вилијамс ми каже дека го оштетувам тимот, тогаш ќе заминам – изјави Клер Вилијамс.

Проблемите на тимот и слабите перформанси влијаат над екипата и доведуваат до засрамувачка ситуација, но Клер инсистира дека таа сеуште има целосна поддршка од нејзиниот татко, Сер Френк Вилијамс.

Тој многу филозовски ми кажа “Клер, сме поминувале низ срање период и порано, но излеговме од тоа. Мора да продолжиш да се бориш – додаде Клер.

За да излезат од ситуацијата, тимот би можел да се приближи уште повеќе до снабдувачот на агрегати, Мерцедес, исто како и да ја користи менувачката екипа од германците, наместо да се надеваат на својата технологија.

Соработка помеѓу екипите сега е секојдневие, нели? Мора да ги истражувате сите опции, тоа го правиме и ние.

Но ништо не е договорено, нема одлука сеуште. Не потврдувам што е дискутирано или не е. Очигледно може да има ефект, така што не би било во ред да коментирам.

Никогаш нема да бидеме Б екипа на некој друг.

Секогаш треба да истражувате добро можности, да проверите дали има смисла од поинакви перспективи. Тоа го правиме во моментов, но не можам да навлегувам во детали.

Не сакаме да бидеме диносауруси, еднаш гигантот во Формула 1 кој одби да се промени и адаптира – заклучи Клер Вилијамс.


Сер Френк до Клер Вилијамс: С***е ситуација, но продолжи да се бориш!

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>