Себ ја брани стратегијата на Ферари

318
   

Себастијан Фетел застана во одбрана на одлуката на Ферари да се обидат првиот квалификациски круг во К3 сегментот да го комплетираат со интермедиа гуми. Но, коцкањето не се исплатеше и тој утре ќе мора да почне од 9то место. Мерцедес беа доминантни во Петок, но предноста беше мала во однос на Ферари на денешната утринска сесија, а во тој стил продолжи и на квалификациите.

Фетел и Раиконен излегоа први на патеката во К3 со зелените интермедиа гуми на нивните болиди во ситуација кога сите останати имаа црвени суперсфт. Но, по комплетирањето на инсталацискиот круг, тие видоа дека погрешиле, ги повлекоа двата болиди за мазни гуми за обид за летечки круг.

Ако почне да врне пет, шест или седум минути порано, ќе направевме чудо затоа што бевме единствени паметни во таа ситуација, но дождот задоцни и испаднавме единствени глупави на квалификациите.

Јас целосно ја бранам одлуката на тимот, тоа беше заедничка одлука и јасно е дека не беше доволно мокро за тие гуми, а дождот се стиши во тие моменти, но дојде подоцна. Очекувавме повеќе дожд од првиот момент на квалификациите, но јасно е дека тоа не се случи.

Погрешна беше одлуката гледано од овој аспект, но условите се такви и може да погрешите или да донесете исправна одлука. Јас никого не обвинувам – изјави Себастијан.

Германецот призна дека ќе било тешко да се победи Мерцедес ако имало потполно сува последна квалификациска сесија.


Себ ја брани стратегијата на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>