Себастијан смета дека рекордите на Михаел Шумахер за најголем број титули и најмногу победи во Формула 1 ќе останат далечни и покрај тоа што Луис Хамилтон веќе освои 5 титули.

Старо новиот шампион веќе е рекордер по бројот на пол позиции во Формула 1 историјата, детронизирајќи го Михаел Шумахер, а во однос на победите, се наоѓа на 20 од германецот на две години од истекување на договорот со МЕрцедес.

може да се прават споредби, но секој период е различен. веројатно дека споредбата со генерацијата на михаел е најлесна, затоа што со возачите претходно е многу поразлично. важно е колку конкурентен ќе биде луис во иднина и поради тоа не е возможно да се предвиди ништо – смета фетел.

Германецот потврди дек неговата амбиција да освои нова петта за него титула следната година е непроменета.

не знаете кога следен пат ќе добиете шанса, не знаете што носи следната година. јасно е дека ќе работам напорно да стигнам до тоа и убеден сум дека ќе успеам да стигнам до целта.

ја знам мојата работа и мојата улога и мислам дека ништо нема да се смени догодина. секако дека годинава се случија многу работи кои не можеа да се предвидад од мене и од тимот, но научив од нив, продолжувам понатаму со поголеми цели за во иднина.

јасно е дека по пат нешто тргна наопаку и треба да се наули од тоа. некои работи не се одвиваа како што треба и поради тоа не се развивавме во вистинскат насока. јасно е дека пропуштивме нешто поради погрешни проценки и треба сми да рабтиме да го поправиме и да се осигураме дека нема да се повтори во иднина. но, не е така лесно да се најдат и отстранат проблемите – заврши себ.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.