Себастијан Фетел јавно ја критикуваше ФИА поради нивниот пристап да го викната на мерење во текот на квалификациите, кога моменти беа во прашање пред да почне да врне.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Фетел по инсталацискиот круг во К2 влезе во бокс да ги промени своите суперсофт со потврдите софт за да проба да има стратешка предност на трка. Пред него истото го стори и Кими Раиконен, но додека финецот менуваше, ФИА побара од Себастијан да застане пред боксовите на мерење.

Џо Бауер, техничкиот делегат на ФИА го пријави Себ кај стјуардите поради тоа што не го исклучил моторот за време на мерењето со што оневозможил прецизни податоци, но и за зминување од мостот за мерење со сопствен погон по што ја уништил опремата на ФИА.

За целото времетраење на процедурата, Фетел нервозно гестикулираше до луѓето од ФИА да побрзаат со мерењето за да добие можност за круг по сува патека. Запрашан за коментар по крајот на квалификациите, германецот одговори:

мислам дека е подобро да не кажам ништо. сметам дека нема потреба  да не викаат на мерење кога условите на патеката се променуваат така брзо. не е фер кога некој е повикан на тој начин и јас само сакав тие да побрзаат и да имам можност да возам.

на крајот од мојот последен круг имав мало блокирање на тркалата во пресрет на 8та кривина, имав добар почток на кругот, но не го подобрив времето. но, сесијата беше интересна, а времињата блиску – појасни Фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.