Себ и Луис со поддршка за грид девојките

172

Луис Хамилтон и Себастијан Ветел сметаат дека е одлично што грид девојките се врааќаат за претстојната трка во Монако викендов. Иако годинава нема модели кои ги придружуваат возачите на гридот, Монте Карло ќе биде местото каде тоа правило нема да се почитува.

Претседателот на Автомобилскиот Клуб во Монако, Мишел Боери, претходно најави дека грид девојките ќе бидат присутни на овогодинешниот настан.

Сметам дека жените се најубавата работа на светот. Монако е многу елегантна трка, не знам како жените се чувствуваат во врска со тоа, но јас сум зборувал со повеќе од нив и мислам дека се задоволни. Кога застанувате на гридот, а убава девојка ве придружува крај болидот, тоа е прекрасна работа, тоа е Монако. Свесен сум дека не треба да ги притискаме жените да прават нешто доколку не се чувствуваат убаво – изјави Хамилтон.

Целата работа е претерана, веројатно непотребно и не сметам дека никоја девојка во минатото била приморана да прави нешто што не сака. Мислам дека тие уживаа во својата работа. Се сложувам со Луис, јас сакам жени, тие изгледаат преубаво. Доколку бев момче кого не го интересираат жени, немам ништо против нив, едноставно не се грижете. Деновиве се крева многу врева околу тоа, сите жени кои биле дел од гридот во минатото го правеле тоа затоа што сакале. Сигурен сум дека ако прашате било која девојка на гридот во Недела, тие се задоволни со тоа што го работат и никој не ги присилил на тоа – дополни Ветел.


Себ и Луис со поддршка за грид девојките

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>