Себ е тажен за Кими

740

Себастијан Ветел откри дека е тажен поради тоа што ќе го загуби својот тимски колега и следната година нема да вози во тандем со Кими Раиконен. Неделава Ферари откри дека Шарл Леклер ќе биде нивни нов возач од следната година, додека искусниот финец ќе се врати онаму каде што ја почна својата Формула 1 кариера, во ЗАубер.

Кими и Себ се тимски колеги во Маранело од 2015 година, а германецот не пропушта да каже дека Раиконен е најдобриот колега кого го имал.

Едно да анализирате бројки и резултати, но мислам дека најважна работа од вашиот колега е да имате взаемна почит и разбирање. Секогаш има одреден степен на ср*** со вашиот колега, но со Кими нема ништо такво, од почеток до крај, и тоа никогаш нема да се промени.

Јасно е дека Шарл добива голема и фантастична шанса, но тажно е што знам дека повеќе нема да го имам Кими крај себе затоа што одлично се согласувавме дури и кога имавме разлики, имавме почит, голема почит и тоа е одлично.

Леклер беше дел од јуниорската програма долго време така што е одлично да се види како напредува. Го немам неговиот број, сеупте не сум разговарал со него, сигурен сум дека е презафатен деновиве. Штом се сретнеме сигурен сум дека ќе му ги кажам правите зборови, но во иднина ќе имаме доволно време да си кажеме се – објасни Ветел.


Booking.com

Себ е тажен за Кими

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>