Според неговото признание, сезоната на Валтери Ботас поминала послабо од очекувањата, но поранешниот Формула 1 возач, Мика Сало, верува дека сонародникот не треба да се чувствува така.

Иако возеше за тим кој стигна до 11 победи годинава благодарејќи на Луис Хамилтон, Ботас ја заврши сезоната без ниту еден финиш на највисокото место, нешто во што успеа 3 пати во 2017 година.

Тото Волф смета дека фактот што било потребно Ботас да игра споредна улога во вториот дел од сезоната можеби влијаело над менталитетот на Ботас.

Барем отрки кои се слабите точки за него и ќе работи преку зимскиот период. Валтери нема друг избор освен да се рестартира и да почне одново. Прилично се отиде погрешно за него годинава.

Баку беше навистина лошо. Ако не се случеше тоа, тој ќе водеше во првенството и кој знае како ќе се одвиваше сезоната.

Постоеја толку многу мали работи кои беа несреќни, а тој ништо не погреши. Но дефинитивно влијаеја над него ментално – изјави Сало.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.