Саинз: Ќе ни треба магија да ги победиме Хаас и Форс Индија

74

Карлос Саинз смета дека на Рено ќе му треба магија за да ги победи конкурентите од средината на поредокот, Форс Индија и Хаас на Големата награда на Италија. Французите се мачеа со ритамот во Белгија поради карактеристиките на таа патека, а во Монца за нив е уште порешко. Шпанецот е подготвен за тежок викенд откако во Петок беше 12ти со две секунди побавно време од водечкото.

Карлос е свесен дека Националниот автодром Монца ги потенцира слабостите на нивниот болид и се надева на добар резултат и интересна трка.

Знаеме дека нашите слабости се јасно видливи на оваа патека и знаеме дека екипите од средината на проедокот се пред нас. Но, исто така знаеме дека Недела во Монца може да биде многу интересно и поради тоа ќе се бориме.

Сметам дека мрам да работиме напорно на вакви патеки, да најдеме брзина и ритам и да чекаме некаква магија за да ги победиме Хаас и Форс Индија кои се пред нас. Дури и Заубер се побрзи од нас.

Вообичаено моторите на Мерцедес и Ферари имаат повеќе моќ на квалификациите, така што нашиот заостаток ќе бие уште поголем. Но, работие на тоа, пробуваме работи, експериментираме со болидот да видиме каде можеме да најдеме перформанси. Нетрпелив сум за следнтие патеки каде знаеме дека ќе бидеме посилни – смета Саинз.


Саинз: Ќе ни треба магија да ги победиме Хаас и Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>