Карлос Саинз верува дека следната година Рено ќе произведе мотор кој е на исто ниво со Мерцедес и Ферари откако французите ја донесоа својата последна спецификација на Италијанското Гранд При во Монца. Даниел Рикардо и Макс Верстапен ја користеа спецификација Ц од моторот од Вири за која французите најавија дека на Монца ќе биде 3 десетинки по круг побрза од претходната.

Шпанецот го напушта Рено на крајот од сезоната, ќе продолжи во Мекларен, но ќе вози со истиот мотор.

Ц спецификацијата е основа за омторот за следната година и изгледа дека работеше добро за Ред Бул кои излгедаат задоволни. Тоа е добар чекор.

Штета што ние нема да го пробаме затоа што многу би ни ја олеснил борбата со Хаас и Форс Индија. Верувам дека Рено ќе направи мотор на исто ниво како оној на Мерцедес и Ферари. Заедно со Мекларен, верувам дека догодина ќе бидеме многу посилни – најави Саинз.

Плашејќи се за издржливоста на последната спецификација, а поради тоа што се нападнаи од Хаас за 4то место, Рено одбра Саинз и Хулкенберг да ја довршат сезоната со Б спецификацијата.

Нема да добиеме нов мотор и мораме да се посветиме на болидот. Добро е што Ред Бул возеа со новиот мотор затоа што момците од Вири ќе може да добијат податоци за истиот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.