Карлос Саинз ја имаше својата најдобра трка во Формула 1 кариерата минатата сезона во Сингапур каде успеа да заврши на 4та позиција, а оваа година се надева дека ќе го поправи резултатот. Шпанецот следната сезона минува во Мекларен каде ќе го замени Фернандо Алонсо кој ќе се пензионира од тркачката серија.

Миантата година во Сингапур ја имав најдобрата трка во мојата кариера. Се беше како што треба и завршив на четврто место. Мора да го поправам мојот резултат кога ќе влезам во болидот. Тоа е тешка ноќна трка која е голем предизвик. За мене е јубилејна 75та трка и 150та за Нико и се надевам ќе ја прославиме како што треба. Најмалку со истиот резултат како лани а се надевам и на подобар – најави Саинз.

Подобар резултат од ланскиот би значело подиум за Саинз што ќе биде прв за него во кариерата. Разликата меѓу првите тимови и останатите е огромна, а таму Рено е водечки и подиум би бил тешко остварлив.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.