Саинз се надева дека опасниот ДРС ќе се забрани

321

Карлос Саинз се надева дека Формула 1 ќе се откаже од користење на опасниот ДРС откако Маркус Ериксон токму поради тој систем имаше опасен судар во Италија. ДРСот во Зауберот на Маркус не се затвори на време додека тој кочеше за првата шикана во Монца по што се заби во оградата и направи неколкукратно салто.

Среќен сум што Маркус е добро.

ДРС е вештачка направа, опасна работа. Ако не се затвори на време, болидот целосно се менува, балансот целосно се уништува, а кочењето е невозможно.

Се прашувам кога Формула 1 ќе се развие до тој степен да нема повеќе потреба од ДРС при претекнувањето. Сметам дека периодов ни треба ДРС, во спротивно претекнувањето би било речиси невозможно, но се надевам дека многу скоро нема а имаме потреба од тоа – посака Карлос.

Системот за намалување на драг силата беше воведен во Формула 1 во 2011 година со цел да го зголеми и подобри претекнувањето. Често е критикуван затоа што некои сметаат дека го прави претекнуваето премногу лесно, но тука е и загриженоста во однос на безбедноста.

По сударот на Ериксон, Даниел Рикардо сметаше дека инцидентот бил “луд“ додека на Пјер Гасли не му се верувало дека Маркус е во ред.

Беше навистина страшно за гледање. Го видов како излегува од болидот и бев изненаден. Изгледаше како ништо да не било. При таа брзина, пристигнувате со 330 кмч во тој дел, губите контрола, удирате во ѕидот и се вртите, тоа не може да е воопшто добро – смета Гасли.

Не знаете што може да му се случи на друг возач следниот пат. Јас имав неколку големи судари годинава и знам како е. Ова е уште еден доказ за нивото на безбедност во Формула 1 – дополни Хартли.


Саинз се надева дека опасниот ДРС ќе се забрани

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>