Шпанецот Карлос откри дека сака да остане во Вокинг и да вози за подолго од неговиот првично потпишан двегодишен договор со екипата.

Карлос стигнува во тимот по тежок период за втората најтрофејна екипа на гридот, но и по заминувањето на одличниот Фернандо Алонсо.

сакам подобри резултати од 2018 година, а Мекларен се способни за тоа и поради тоа сум тука. ова е втората најуспешна екипа во спортот, победувале претходно и знам дека знаат како. малку по малку, во среднорочен проект ќе ги качуваме скалите до врвот – објасни Саинз за шпанска Marca.

24-годишникот има намера да стигне до врвот заедно со екипата, со која има договор за 2019 и 2020 година.

имам двегодишен договор со екипата, но како возач и како фан на мекларен, сакам да го видам тимот да расне. сакам да имам добра прва година, добар почеток, добро да се интегрирам во семејството на мекларен, а моја цел е да минам повеќе години во вокинг. одам година за година, а сакам да бидам клучен дел кој ќе му помогне на мекларен да се врати на врвот – заврши саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.