Легендарниот рели возач, Карлос Саниз, смета дека тимот на Мекларен, кае неговиот син ќе вози следната година, го мина најтешкиот педиот.
24-годишниот Карлос по повеќе од една сезона во фабричкиот тим на Рено, следната година се сели во Вокинг кај вториот најтрофеен тим на гридот, Мекларен. Неговиот татко смета дека тој добро се покажал во Енстон.
на почетокот беше тешко за него да го разбере болидот, не се чувствуваше удобно и во таква ситуација не може да извадите се од болидот – објасни Саинз.
56-годишникот смета дека неговиот син е подобар сезонава одошто лани и се надева дека во портокаловата екипа ќе биде уште посилен.
сите сметаа дека кога мекларен го промени доставувачот на мотори и користеше рено мотор, ќе бидат побрзи од фабричката екипа, но тоа не се оствари. јас искрено верувам дека во мекларен има многу пособни луѓе и дека најтешкото го минаа и е зад нив. луѓето во вокинг признаа дека не бил само моторот виновен и дека треба да се корегира и шасијата, а тоа е одличен почеток – објасни Саинз сениор.