Карлос Саинз е убеден дека Мекларен е на патот за повраток откако падна на самото дно во 2018 година. 

Мислам дека сега си ја вршат домашната задача. Оваа година го допреа дното и наредната можат да бидат само подобри. Почнуваат од нула и тоа ми дава самодоверба. Ги видоа проблемите и сакаат да ги поправат – вели Саинз.

И двата болида на Мекларен завршија надвор од поени во Сузука, но Саинз смета дека нема што многу да се зизвлече од моменталните перфоманси на тимот.

Чудно е да се види Алонсо на скоро последна позиција, но оваа половина од средината е толку блиска, во која три или четири десетинки се многу. Мислам дека Мекларен оваа година, тимот и болидот, не се бореа за повеќе. Се надевам дека се надеваат на следната година и дека ова беше година за учење.

Следната година ќе има промена во правилата и тоа е можност да се почне од почеток и да се постигне саканото ниво – вели Саинз.

Оваа година Саинз вози за фабричкиот тим на Рено. Наредната година ќе го има истиот агрегат кога ќе премине во Мекларен.

Мојот болид сега не е лош, а Мекларен се 3 или 4 десетинки полоши. Но разликата со останатиот дел од гридот е цел свет, а тоа ги прави нив полоши.

Не очекувавме Мерцедес и Ферари да направат толку голем чекор напред. Ни треба повеќе моќ, која немаме од некоја причина – додаде Саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.