Саинз охрабрен пред домашната публика

62

По финиш на 5то место на последната трка, Карлос Саинз се надева дека домашната публика ќе го инспирира за уште подобар пласман.

Ова е најпосебна трка во годината за мене и се чувствувам многу поразлично од било кое место. Сум се тркал на три Шпански Гранд При-ја досега, секоја од нив многу посебно и сум стигнал до добри резултати што ја покажува огромната поддршка која ја добивам од фановите што е допонителен мотив за мене.

Се надевам дека и годинава ќе биде така и ќе го продолжам трендот на добри резултати на мојата домашна трка. Ја познавам многу добро оваа патека уште од млади години. Три пати тестираме таму, во зима и по крајот на трката така што секој возач многу добро ги знае карактеристиките на автодромот.

За мене ќе биде позафатен викенд од вообичаено, но уживам во тоа и сваќам дека поради тоа сум во многу среќна позиција. Каде и да се појавам секогаш луѓето ме бодрат и тоа е привилегија за мене – појасни Карлос.

На автодромто Барселона-Каталуња дури има и трибина која го носи неговото име.

Навистина е “лудница“ што имам трибина со моето име. Тоа почна од 2016 година и трае до ден денескам фановите се благодарни и полни со поддршка. На трибината ќе има над 4.000 фанови годинава, близу кривината број 5 и ќе биде навистина посебно да се мине крај неа во текот на секој круг. Не можам да дочекам и се надевам дека ќе им приредам одлично шоу оваа сезона.

Сезонава Саинз е под лупа поради тоа што е најсериозен кандидат да го замени Даниел Рикардо доколку австралијанецот одлучи да го напушти Ред Бул.

Барселона има многу различни сектор секој со различни кривини. Асфалтот е нова гоинава и сето тоа ќе ја направи трката поинтересна. Ви треба добра тракцијаво последниот сектор затоа што е тесен и нема место за грешка. Треба да ги јавнете внатрешните тротоари колку што може повеќе за да ја најдемте најкуста траекторија.

На крајот треба да минете добро и преку шиканата каде тротоарите ви се повеќе од потребни пред да дадете гас до даска за крај на крутот.


Саинз охрабрен пред домашната публика

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>