Возачот на Рено, Карлос Саинз, е презадоволен со една од неговите најдобри квалификациски сесии досега, откако се пласираше на петто место за Унгарското Гранд При.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ова постигнување се изедначува со неговата претходно најдобра стартна позиција во 2015 година за Шпанското Гранд При, кога возеше за Торо Росо. Но временските услови овојпат беа драстично поинакви, со голем дожд, громотевици над Хунгароринг.

Колку напната сесија! Навистина сум среќен со перформансите и одлично е кога коцките се спојуваат!

Малку ризикувавме со истите пневматици во К3. Но тоа значеше дека можев да постават добро време, иако перформансите на пневматиците беа намалени.

Мислам дека се запознав со болидот подобро со овие екстремни пневматици, одколку било кога. Затоа решив да ризикувам, што на крај се исплатеше.

Тимот ми пренесе дека сите влегуваат по нови сетови. Помислив дека ќе забележиме доколку нов сет нуди поголем грип, или пак да го завршам кругот. Тоа време ме постави на трето место, така што вредеше.

Во последниот круг немав доволно грип. Но бев многу задоволен со претходниот круг – изјави Саинз.

Неговиот круг беше поразен од последните кругови на Мерцедес и Ферари, но сеуште беше доволно добар за Карлос да биде “најдобар од останатите“ за стартот на трката.

Само Мерцедес и Ферари да бидат пред нас е многу добар знак на тоа колку добро ја менаџиравме ситуацијата. Навистина сум среќен со пласманот, а петто место е навистина добро чувство.

Поените се освојуваат во трката. Стратегијата со пневматиците и стартот ќе бидат особено важни, но убеден сум дека ќе имаме силна трка – додаде Саинз.

Сирил Абитебол, тимскиот шеф на Рено, исто така го пофали возачот и екипата.

Карлос и екипата завршија одлична работа во многу тешки услови. Карлос возеше одлично за да стигне до нашите најдобри квалификации досега.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.