Карлос Саинз верува дека силните перформанси на Рено во Петок во Мексико се проади тоа што врвните екипи потфрлиле, а не дека францускиот фабрички тим открил нешто ново. Шпанецот беше на 3то место во двете сесии, возејќи подобро од Ферари и Мерцедес, опишувајќи го денот како изненадувачки добар за тимот.

Убаво е да се видат двата болиди на Рено и четирите мотори на Рено најгое во поредокот. Екипата работи напорно и добро во последниот дел од сезоанта за да го обезбеди 4то место во поредокот.

Но, сметам дека времињата даваат погрешен впечаток затоа што Форс Индија и Заубер се многу блиску до нас, но Мерцедес и Ферари ги нема. Чудно е како пред четири денови беа две секунди по круг побрзи од нас, а денеска се исти.

Наивно е да мислам дека и во сабота ќе бидеме трети на гридот. Секогаш сум оптимис и давам се од себе, но Мерцедес и Ферари имаа проблеми денеска, се мачеа на кратките и долгите сери, ги следев на некои кругови и не изгледаа убедливо.

Доколку Мерцедес и Ферари ги најдат проблемите, сигурно ќе се пред нас, вообичаено е така, но мроаме да се бориме и да бараме перформанси од нашиот болид, да најдеме уште 2-3 десетинки и да направиме да им биде уште потешко – објаснува Саинз.

Нико Хулкенберг ги заврши сесиите зад Саинз, на прите 90 минути беше 4ти, а на вторите беше 5ти. Германецот повика на претпазливост под одличните перформанси.

Не верувам дека можеме да ги пбоедие или да се носиме со Ферари и Мерцедес затоа што вообичаено нашиот заостаток во однос на нив е многу голем. Не знам зошто беа толку надвор од ритам денеска, верувам дека ќе дознаеме утре.

Чудно е дека балансот на болидот не е одличен кога се вози по патеката, но времињата се навистина добри.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.