Карлос се сомнева дека Макс Верстапен ставил вето на неговото враќање во Ред Бул.

Шпанецот беше долго време најсериозен кандидат да го замени Даниел Рикардо кој од следната година ќе мине во фабричката екипа на Рено, но на крајот “биковите“ се решија да го унапредат Пјер Гасли од Торо Росо во сениорската екипа. Медиумите шпекулираа дека проблематичниот однос на Карлос со Макс за време на нивниот заеднички престој во Фаенца во 2015 година била една од причините што во Милтон Кинс се решиле за французинот Гасли.

не знам сигурно, но би рекол не, мислам дека возачите немаат влијани врз тие одлуки. тоа тешко прашање кое мора да го прашате макс, но јас мислам дека се сложувавме добро и имавме здраво ривалство. не мислам дека би отишол кај хелмут марко или кристијан хорнер да каже дека не ме сака крај него.

пред се, доколку го кажете тоа се правите слаб, ако на шефот му кажете дека некој не сакате да вози крај вас тогаш веќе изгледате очајно и звучите слабо. второ, мислам дека никогаш не го кажал тоа – објасни саинз.

Запрашан за нивниот однос и врска во заедничкото време минато во Торо Росо, шпанецот откри дека е погрешно да се смета дека не се согласувале добро.

тоа е една голема енигма во падокот, сите мислам дека јас и макс се мразиме, но тоа воопшто не е точно. имавме одлична забава таа година, така беше и надвор од патеката и на патеката каде бевме големи конкуренти. знаевме дека се бориме за своите кариери, за нашето формула 1 педигре кое во многу зависи од дебитантската сезона. се согласувавме многу повеќе одошто луѓето мислат – дообјасни саинз.

Карлос е свесен за ризикот кој го превземал напуштајќи го Торо Росо на 4 трки пред крајот на минатата сезона за да се вдоми во фабричката екипа на Рено, но според него, тоа бил ризик за кој бил подготвен да ги сноси последиците.

знаев дека најверојатно ќе го земат Пјер и поради тоа барав други опции, но во моментот кога го напуштив торо росо за да одам во рено, знаев дека ги намалувам шансите за ред бул. тоа беше дел од мојата одлука, едноставно не сакав четири години по ред да бидам во торо росо, сакав во рено затоа што беа предизвик за мене во тоа време. знаев дека ако отидам во енстон и ако се отвори место во ред бул, губам шанса затоа што го напуштам семејството.

но, на крајот, тоа изгледаше одлична одлука за мене и пресреќен сум што отидов во рено, а сега добивам и шанса да возам за мекларен – заврши саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.