Саинз: Направивме уште еден чекор напред

89

По четвртиот двоен финиш во поени за екипата на Рено, Карлос Саинз го опиша резултатот како “уште еден чекор напред“ за фабричкиот тим, во период кога се обидуваат да го задржат четвртото место во генералниот пласман.

Саинз заврши позади тимскиот колега Нико Хулкенберг, а Рено се докажаа дека се најдобри од останатите, позади големата тројка.

Ова беше добар ден за тимот, освоивме 10 поени во генералниот пласман. Ова е уште еден чекор напред, а имавме и добра форма во трката, во споредба со тимовите во средината. Сакавме да завршиме со двата болида во поени и навистина ќе уживаме во овој резултати, иако трката во поголемиот дел беше досадна за нас.

Тимот заврши одлична работа во саботните сесии и повтоно во Недела, со цел да ги претекнеме Форс Индија. Очекувавме да имаме повеќе голема деградација, но на крајот се покажа дека добро сме ги менаџирале пневматиците – изјави Саинз.

Како и неговиот тимски колега, Саинз успеа да извози 55 кругови на суперсофт пневматците, откако во 15 круг ги замени од првичните хиперсофт.


Саинз: Направивме уште еден чекор напред

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>