Саинз: Мојот најдобар К3 круг

96

Карлос Саинз го опиша својот квалификациски круг како најдобар и најстресен во неговиот живот откако си обезбеди старт од 8мо место во Монако. Шпанецот втора трка по ред има подобри квалификации од својот тимски колега Нико Хулкенберг кој ќе почне од 11то место.

Кругот на Саинз беше за само 2 стотинки побрз од она што го извозе Фернандо Алонсо зад него и само десетинка побавно од она што го извозе Естебан Окон кој овојпат беше најдобар од останатите.

Моите најбрзи и најстресни 1 минута и 12 секунди од животот. Многу работев во кокпитот затоа што се доаѓа многу брзо и се е многу блиску до вас. Сепак, премногу е забавно во текот на целата сесија. По мене се е многу стресно затоа што не очекував Мекларен и Форс Индија да бидат пред нас во К1 и К2 и поради тоа во последниот дел морав да дадам 110% за да ги минам – објасни шпанецот.

Тој е свесен дека поради огромната битка на средината од гридот морал да се подобрува секој следен круг за да обезбеди К3 место.

Средината од гридот е толку збиена. Мислам дека Фернандо јас и Перез бевме во една десетинка и по секој круг веднаш гледав на екранот да видам дали сум влегол во топ 10. Си велите дека ви фали некоја десетинка во следниот круг, но не знаете каде да ја најдете. ледниот круг притискате малку повеќе, мислите дека сте пред конкурентите, но дознавате дека и тие го прават истото. Напнато е.


Booking.com

Саинз: Мојот најдобар К3 круг

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>