Саинз: Моторот е клучен за лошата форма

89
   

Карлос Саинз верува дека недостатокот на напредок од гледна точка на моторот во втората половина од сезоната е главната причина за падот во перформанси во Рено.

Францускиот проиводител беше постојан конкурент на чело на средината во првиот дел од сезоната, но потоа не успеаја да го следат напредокот на другите тимови.

Но, додека некои од недостатоците се поради самиот болид, Саинз смета дека недостатокот на подобрен мотор е тоа што навистина боли. Рено одлучија да не ја користат Ц спецификацијата поради проблеми со издржливоста, а дури и Ред Бул прикажаа дека има дополнителни перформанси во истиот.

Мислам дека имавме уназадување со моторот и не очекувавме Мерцедес и Ферари да направат толку голем чекор напред годинава.

Сметавме дека Б спецификацијата ќе биде доволна, но видовме дека тоа не е доволно. Донесовме подобрувања на шасијата, која најверојатно не е лоша, но максималната брзина не ја постигнуваме.

Тимот е целосно убеден дека нашето гориво не е доволно издржливо, така што целосно ја поддржувам нивната улога. Едноставно мислам дека ни треба повеќе моќ, која ја немаме, а ја немаме од не знам која причина. Ако сакавме да бидеме во К3 во Јапонија, ни требаше повеќе моќ, а Хонда покажа дека тоа е можно – изјави Саинз.

Саинз смета дека Рено треба да направи подетална анализа за тоа што се случува со нивната форма и зошто останатите направиле толку големи чекори напред.

Мислам дека има голема трка на развој од сите тимови годинава. Гледам дека тимот прави голем напор да донесе нови делови на секоја трка. Донесовме повеќе новини во текот на годината, но најверојатно не беа на ниво на другите во однос на перформансите на патеката.

Мора да дознаеме зошто, треба да анализираме зошто, но го согледуваме тоа во моментов. Далеку сме од конкурентите за К3 на секоја трка – додаде Саинз.


Саинз: Моторот е клучен за лошата форма

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>