Мик Шумахер не може само поради името да влезе во Формула 1, тој треба да прикаже резултати исто како и синот на легендата на рели Карлос .

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Шумахер е син на седумкратниот шампион во Формула 1 и легендата на Ферари, Михаел Шумахер, а веќе е на портите на Формула 1 откако ја освои титулата во Формула 3. Германецот имаше силен втор дел од сезоната кога победи на 8 трки.

Неговиот успех значи поени за Ф1 супер лиценца, но сепак прво се очекува да замине во Формула 2 шампионатот за 2019 година.

Луис Хамилтон е сеуште на врвот, но веќе се зборува за нов Шумахер во спортот кој според Саинз ќе треба сам да се прослави.

Секој почеток, има голем притисок. Родителите им кажуваа на нивните деца во картинг да го уништат Мик Шумахер. Името Шумахер отвора врати, но тоа не значи победи и резултати и директен влез во Формула 1 – објасува саинз.

Саинз Јуниор е син на легендата Карлос Саинз и е еден од тројца синови на познати возачи. Другите се Макс Верстапен и Кевин Магнусен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.