Саинз има повеќе опции за 2019

107

Карлос Саинз е убеден дека ќе биде во Формула 1 во 2019 година, велејќи дека има “повеќе опции“ за возачко место наредната сезона.

Шпанецот и помогна на екипата на Рено да ја зацврсти својата позиција како “најдобри од останатите“ во генералниот пласман на конструктори, но самиот е само на 11 место кај возачите. Оваа сезона, иако има договор со Ред Бул, тој е на позајмица во Рено.

Додека Верстапен и Рикардо се добро поставени во Ред Бул и покрај можното партнерство помеѓу Окон и Хулкенберг во Рено, Саинз ќе остане без своето, но тој и понатаму е убеден во спротивното.

Да почекаме малку. Мислам дека ни треба повеќе време, но имам повеќе опции, навистина добри опции.

Не сум среќен со резултат во трката. Стартот беше добар, но во првиот свиок отидов пошироко и бев опкружен од возачи со ултрасофт, додека јас бев на софт. Ми недостасуваше грип во првите неколку свиоци.

Откако го најдов мојот ритам и почнав да ја покажувам формата, наеднаш бевме претекнати од сите преку влегувањето во бокс. Влеговме премногу рано, не поминаа Мекларен, Хаас и иги изгубив сите позиции – изјави Саинз.

Во еден момент постоеше опасност Карлос да доби казна поради игнорирање на сините знамиња, но тој смета дека постапил правилно.

Не, мислам дека бев во право, не ги игнорирав. Дадено ни е време за да пропуштиме возач, а јас бев во рамки на тоа – додаде Саинз.


Саинз има повеќе опции за 2019

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>