Русинот Даниил Квјат беше отпуштен од Ред Бул на крајот на 2017 година откако беше преместен од сениорскиот тим во Торо Росо. Карлос Саинз беше негов партнер од трката во Шпанија во 2016 година до Сингапур во 2017 година Кога шпанецот замина во Рено, Квјат беше заменет со французинот Пјер Гасли.

Имам лични причини зошто мислам дека Дени е еден од најталентираните возачи против кои сум возел. Кога замина од Формула 1 имав чувство дека тој ќе се врати. Секогаш кога се тркав против него тој имаше разлика во перформансите – објасни Саинз.

Квјат се нема тркано од минатата година во Остин, а во меѓувреме стана развоен возач на Ферари, работејќи во симулаторот на тимот во Маранело. Но, на Ред Бул му недостасуваат возачи во јуниорската програма и има проблем со наоѓање соодветни кандидати за јуниорскиот тим Торо Росо.

По трката во Италија, се појавија изјави од Хелмут Марко дека Квјат созреал и се наоѓа на врвот на листата на жеби за место во Торо Росо. Тој има освоено два подиума на 22 старта со Ред Бул пред да биде заменет со Макс Верстапен. Саинз изјави дека би бил среќен доколку го види поранешниот колега повторно на гридот.

Му кажав на мојот менаџер и мојот татко дека тој ќе се врати и ете гледате тој има шанса да го направи тоа и среќен сум за него.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.