Карлос откри дека ја минал 2018 година мачејќи се со нестабилноста на неговиот болид, по што трпеле неговите квалификациски перформанси.

Шпанецот за следната година ќе мине во Мекларен откако фабричката екипа на Рено реши да го земе Даниел Рикардо за свој возач. По крајот на сезоната, Карлос изјави дека никогаш не успеал целосно да ги реши проблемите со болидот кои ги уништувале неговите квалификациски перформанси.

тешко ми беше кога требаше да го најдам лимитот на болидот на рено, во тие моменти се мачев. ќе го зголемев притисокот на сопирачката и веднаш се појавуваше нестабилност на болидот, тоа е нешто што цела година се обидував да го совладам, да добијам стабилност во моменти кога возев на лимитот.

збунет сум поради тоа, ми требаше цела година “играње“ со командите за да можам да го средам балансот – откри саинз.

Шпанецот објасни дека проблемот со нестабилноста се појавил рано во сезоната, а кога сакал да напредува и да го “испела“ проблемот, трпела брзината.

бев збунет годинава, менував многу во сетапот за да исчезне проблемот, но понекогаш правев компромис кај многу работи за да ја најдам стабилноста. да бидам искрен, никогаш не успеав целосно да го отстранам и не бев удобен на квалификациите. сметам дека имав дополнителни две десетинки за извлекување доколку се беше во ред.

вистина е дека на некои сесии завршив одлична работа и бев константен, секогаш бев во к3 или многу блиску до к3, но по мене, не успевав да извадам се од болидот како што тоа го правев додека возев торо росо.

Иако Карлос донесе добри поени за тимот, смета дека поради проблемите на квалификациите, како и поради ретките проблеми со издржливоста, можел и повеќе.

имаше подеми и падови сезонава особено на квалификациите. мислам дека во текот на трка бев силен и успевав често да носам поени. искрено сум на “два ума“ во врска со сезонава, затоа што не сум целосно задоволен од болидот и мислам дека можев повеќе да постигнам.

викендите на кои можевме да стигнеме до многу поени, како на пример на пол рикар или мексико, имавме проблеми со издражливоста што не ни дозволи да бидеме подобри во конструкторскиот поредок на крајот на денот.

знам дека тоа што лично го направив е добро и задоволнително, но разочаран сум што не успеав да го најдам лимитот на болидот кој го наоѓав со поранешните мои болиди – заврши саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.