Карлос Саинз изјави дека неговиот тим Рено треба да е среќен со перформансите во Италија со што го зајакнаа четвртото место кај конструкторите.

Саинз се квалификуваше на седма позиција на Монца, каде тие требаше да имаат проблем со брзина на правци. На крајот Саинз изгуби од Форс Индија и заврши на деветта позиција.

Откако Роман Гросжан беше дисквалификуван, Саинз ја доби осмата позиција и тимот се оддалечи од Хаас во генералниот пласман.

Можеме да сме среќни со викендот. Дадовме се од себе. Успеав да добијам 4 поени и покрај тешкотиите. Темпото беше добро, ни недостасуваше малку на правците и губевме позиции, но имаме прогрес од Спа и болидот е подобар. Сега треба да видиме што ќе биде во Сингапур и да останеме конкурентни.

Саинз на крајот на сезоната заминува во Мекларен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.