Карлос Саинз нема решена Формула 1 иднина за 2019 година. Сигурно е дека нема да вози за Рено, а можност е да се врати во Ред Бул, но не јуниорскиот. “Во игра“ е и враќање во Торо Росо откако менаџерот на Макс Верстапен откри дека не го сакаат шпанецот крај МАкс.

Во својата изјава за Auto Motor und Sport, Карлос се осврна на својот однос со доктор Хелмут Марко кој става огромен притисок над возачите и има големи очекувања од нив.

Помеѓу мене и Ред Бул има огромна почит што е одлично. Мојот однос со Хелмут Марко е исто така добар и знам дека многу му должам токму на него затоа што благодарение на него сум во Формула 1, но исто така и знам дека константно ги става возачите под огромен притисок.

Тој има право да го прави тоа затоа што Ред Бул инвестираат огромни средства во својата програма за млади возачи, вклучително и мојата. Поради тоа секогаш бараат многу од возачите, а јас сум подготвен да го прифатам тоа.

Саинз во моментов има договор со Ред Бул, а за Рено вози како позајмен возач. Но, неговиот договор има важност до 30 Септември и до тогаш “биковите“ имаат можност да ја искористат опцијата за продолжување која ја имаат доколку го сакаат кај себе. Како дестинација за шпанецот се споменува и Мекларен доколку Алонсо одлучи да се пензионира.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.