Неговата иднина од 2019 година сеуште не е одлучена, но Карлос Саинз нема сомнеж дека може да се бори против било кого во Формула 1, вклучувајќи го и сонародникот Фернандо Алонсо.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

23-годишниот возач веќе не е дел од плановите на Рено за наредната сезона, откако фабричката екипа потпиша договор со Даниел Рикардо.

Најверојатни опции за Саинз се да се врати во Ред Бул покрај Макс Верстапен или да направи трансфер во Мекларен, каде што ќе биде колега со неговиот идол и пријател, Фернандо Алонсо.

Без разлика каде ќе заврши, Саинз е убеден дека може да се справи со било кој возач од другата страна на гаражата, но признава дека Алонсо како колега не е мал предизвик.

Подготвен сум да поразам било кого на гридот. Мојот тркачки дух и желба за натпреварување, како и мојата самодоверба, ми велат дека можам да се борам против секој.

Фернандо најверојатно би бил најголемиот предизвик кој би можеле да го имате на гридот, тоа е сигурно. Но сепак, подготвен сум за се – изјави Саинз.

Иднината на Алонсо исто така не е дефинирана и многумина веруваат дека двократниот шампион ќе ја заврши својата кариера во Формула 1 по оваа сезона.

Секако дека Карлос е достапен на пазарот, не ја знаеме точната ситуација со Рено и Ред Бул, но тој е дефинитивно на нашата листа на возачи кои би сакале да ги ангажираме. Доколку беше слободен и имавме место, тој ќе беше на високо ниво на листата на желби – истакна од скоро Зек Браун од Мекларен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.