Саинз: Еден поен беше најдобро што можевме

56
   

Карлос Саинз вели дека конечниот резултат за Јапонското Гранд При бил позитивен за тимот на Рено, иако шпанецот успеа да освои само 1 поен со пласман на 10та позиција.

Шпанецот стартуваше од 13то место по разочарувачки квалификации, но во еден момент беше и шестопласиран поради одложување на влегувањето во бокс, а откако излезе мораше да се направи неколку претекнувања за да влезе во топ 10.

Пјер Гасли од Торо Росо беше неговата последна жртва и го спречи французинот да го освои единствениот поен за Хонда на домашен терен, додека единствениот поен за Рено сега значи дека тие имаат предност од 8 поени пред екипата на Хаас Ф1 во нивната битка за 4то место во генералниот пласман на конструктори.

Беше забавно и ова беше многу позитивна трка за тимот. Имавме добар старт и бевме блиску до поени, а потоа моравме да претекнуваме кон крајот. За нас, еден поен е најдобриот резултат што можевме да го постигнеме стартувајќи од 13то место, така што ова е силен резултат. Тимот изведе се совршено, стратегијата, влегувањето во бокс, се функционираше.

Знаевме дека не сме во добра позиција, така што одлично е да освоиме поен и треба да продолжиме во последните четири трки – изјави Саинз.


Саинз: Еден поен беше најдобро што можевме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>