Саинз го обвини Сироткин дека му ја уништил трката

83
   

Возачот на Рено, Карлос Саинз, го обвини својот колега од Вилијамс, Сергеј Сироткин, за сударот кој му ја уништил надежта за добар резултат во Русија. Двајцата имаа контакт во првиот круг од трката кога русинот немаше каде да оди на вториот свиок од патеката и беше во сендвич помеѓу Саинз и Маркус Ериксон од Заубер.

Сергеј удри во десната страна од болидот на шпанецот оштетувајќи му го подот и страничните крила. Карлос ја продолжи трката, но вели дека бил секунда побавен од очекуваниот ритам.

Многу тешка трка и ми беше тешко да прифатам дека ќе завршам вака откако на софт има многу подобар ритам од голем дел од возачите кои возеа на хиперсофт, дури и претекнав и некои од нив на кочење.

Сироткин лудо отиде на втората кривина, не го почувствував ударот, но ме допре и десниот дел од болидот беше оштетен, а веќе на следниот свиок почувствував дека болидот не се движи како што очекував

Загубив многу потисна сила и многу поени поради потисната сила затоа што болидот имашт големо надуправување. Се обидував само да ја завршам трката, ги забавував Заубер за да може Нико да се одлепи од нив, но и тоа ми беше тешко – откри Саинз.

Саинз смета дека можел да заврши во поени без доколку немал никаков инцидент поради фактот што во текот на трката беше пред својот колега кој ја заврши тркаа на 12то место.

Совршено добро ми беше јасно дека поени со овој болид не се можни затоа што бев 1-1,5 секунди побавен одошто бев во текот на викендот. Се обидував да му помогнам на тимот.

Сигурен сум дека можев да освојам поени со нормален болид, Нико беше многу блиску, а јас бев пред него по стаартот на трката и можеби можев да се носам со Хаас и Форс Индија.

Фрустриран сум затоа што сметам дека пропуштивме шанса, но ова е трка и се се случува, иако не бев виновен.


Саинз го обвини Сироткин дека му ја уништил трката

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>