Фабричката екипа на стигна до епитетот најдобар од останатите односно најдобри во таканареченото Б првенство кај конструкторите, зад Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Во пресрет на последната трка французите имаа добра бодовна предност пред Хаас, но ништо не беше сигурно, така што мораа и теоретски да го одработат својот пласман. Трката не почна добро за жолтите затоа што болидот на Нико Хулкенберг се преврте по само неколку кривини по контакт со директниот конкурент, Роман Гросжан.

Таквиот развој на настаните стави голем притисок на Карлос кој ја возеше својата последна трка за Рено, пред да мине во Мекларен следната година. Шпанецот успеа да има одлична последна трка, да дојде до 6то место како најдобар од останатите што беше повеќе од доволно за да им го донесе 4то место на тимот кај конструкторите.

денеска имав одличен резултат и ова 6то место беше враќање за лошите трки во франција и мексико. го заслуживме, имавме одличен ритам во целата трка и одлично ја одработивме стратегијата. последната трка од сезоната одлично го демонстрира напредокот кој го направивме сезонава, стигнавме до 4то место кај конструкторите што е одлично за нас – објасни саинз.

Шпанецот е задоволен од својот резултат, нетрпелив за следното поглавје од неговата кариера, но емотивен што ќе си оди од тимот.

го напуштам овој тим среќен и задоволен со постигнатото, што како возач ме прави многу мотивиран. ова беше моја последна трка со рено и морам да им се заблагодарам на сите со кои работев 1,5 години. не го напуштам семејството и продолжувам да работам со многу од колегите од рено следната година во мекларен – најави карлос.

Сирил Абитебул, шефот на тимот, го пофали Саинз за својот придонес во тимот во 2018 гдина.

сакам да му се заблагодарам на карлос за се што направи за нас откако дојде во екипата. тој беше голем тимски играч и му посакувам се најдобро со нашиот партнер мекларен следната година.

четврто место е токму таму каде што сакавме да бидеме на крајот од сезоанта, добар резултат кој претставува фантастичен тимски напор на патеката од тимот и двајцата возачи.

имавме разочарувачки квалификации и лош прв круг, беше штета што го загубивме нико по нецел круг затоа што тој многу придонесе во успехот за нас сезонава.

тимот не престана да работи и направи одлични стратешки работи кои се покажаа како исправни. искористивме од одличниот ритам и успеавме да водиме против нашите конкуренти без инциденти. одличен крај на сезоната – заклучи сирил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.