Карлос изјави дека го видел новиот Мекларен за 2019 година и смета дека пред тимот претстои одлична година.

Шпанецот направи трансфер од фабричкиот тим на Рено во Вокинг за оваа и следната сезона, менувајќи го неговиот сонародник Фернандо Алонсо.

импресиониран сум со тоа што се работи во фабриката, но искрено сум и изненаден затоа што знам што се способни да направат. сеушт е многу рано да се суди каква ќе биде сезоната – изјави карлос.

Саинз појасни дека напреднал како возач лани и се надева дека неговата нова екипа ќе се врати во ритам по неколкуте тешки години.

новите павила отвараат врата на екипи кои имале лоши последни неколку сезони. го видов болидот во фабриката и навистина ми се допаѓа дизајнот иако ја видов само шасијата. крилата не беа монтирани, така што ќе биде поинаков.

на прв поглед ми се допаѓа тоа што го видов, ми се допаѓаат и сликите од аеродинамиката и компјутерските анимации

многу важно е да ги видиме резултатите од тестовите и болидот да биде добар за возење. 2018 година не беше добра за тимот, но тие научија што не чини и се обидуваат да се вратат на нивото на кое претходно беа.

во моментов има реструктурирање на тимот, а резултатите ќе дојдат на среден рок. се е подготвено за тест и мислам дека ни претстои одлична година – смета саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.