Саинз: Времето може да биде предизвик

51
   

Карлос Саинз од Рено смета дека непредвидливото време во Британија може да го направи тркачкиот викенд на Силверстон многу интересен. Рено стигнува на втората домашна трка по првиот викенд без поени сезонава, откако Карлос заврши 12ти во Австрија, а моторот на Хулк се запали.

Викендот во Австрија беше добар се до Недела. Беше големо разочарување за двата болиди, така што сакаме колку што може поскоро да заборавиме на трката. Не гледам апсолутно никаква причина зошто не би се вратиле во топ 10 на претстојната трка – започна Саинз.

Претстојинот автодром на Силверстон е познат по своите летечки кривини ширум тркачкиот свет. Саинз не успеа да ја заврши трката лани откако во првиот круг се судри со тогашниот тимски колега Даниил Квјат.

Сепак, шпанецот признава дека патеката е една од неговите најомилени за возење на календарот особено вториот сектор кој е највозбудливиот дел.

Силверстон секако дека е моја омилен патека на Формула 1 календарот. Толку е брза и тоа е патека за возачите. Омилен дел ми е секторот два, како и на најголем дел од останатите возачи.

Веројатно тоа е најдобар сектор од сите патеки на календарот. Одите многу брзо, Копс ве наежува, но станува уште подобро на следниот комплекс Маготс, Бекетс и Чапел каде наоѓате ритам со болидот и одите лево-десно-лео и повторно на правец. Огромна возбуда – смета Саинз.

Патеката, како и остатокот од Островот, секогаш е позната по непредвидливото време и честите дождови кои беа присутни на три од последните четири трки. Карлос смета дека дождот може да биде огромен предизвик, но и да донесе многу инересна трка затоа што британците секогаш се собираат во огромен број без разлика на климата.

Времето се чини е честа тема на разговор во Велика Британија, дождот секогаш ги прави работите поинтересни и навистина е огромен предизвик да се возат овие Формула 1 болиди по мокра патека. Силверстон може да го овозможи тоа, никогаш не се знае.

Доста често доаѓам во нашата фабрика во Енстон и добро ја познавам околината и какво може да биде времето. Но, тоа никогаш нема да ги попречи британските фанови да се појават во огромен број на Силверстон, а тоа што е импресивно е тоа што тие се крај патеката цел ден без разлика на времето. Тоа го прави Силверстон посебен, навивачите се страствени за моторспорт – заврши Саинз.


Саинз: Времето може да биде предизвик

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>