Саинз високо на листата на желби во Мекларен

118

Зек Браун откри дека доколку Карлос Саинз стане слободен возач за следната годна, тој ќе котира многу високо на листата на желби во Мекларен. Во Вокинг сеуште не потврдиле ниту еден возач за 2019 година и се чека на Фернандо Алонсо дали ќе реши да продолжи да вози во Формула 1 или ќе бара предизвик на друго место, додека формата на Стофел Вандорн не е за фалење.

Карлос Саинз сезонава ја вози за Рено како позајмен возач, но по трансферот на Даниел Рикардо во Рено, во Милтон Кинс останува празно место за кое најсериозен кандидат е токму тој, иако во последно време и името на Пјер Гасли се повеќе избива во прв план.

Ние сметаме дека Карлос е одличен тркач и секако дека доколку е на пазарот на возачи ќе размислиме да го сметсиме во нашиот болид. Но, за сега не го знаеме неговиот статус и договор со Рено и Ред Бул. Доколку беше слободен, а ние имавме место, секако дека ќе размислиме сериозно за него – објасни Зек.

Доколку Мекларен не успее да го донесе Саиз кај себе, се очекува Вандорн да остане или пак Ландо Норис да добие промоција, секако под претпоставка Алонсо да го пдоролжи својот договор што исто така не е познато.

Имаме долгорочен договор со Стофел и Фернандо, но како што знаете, овие договори имаат многу клаузули во нив. Одлуката во однос на возачите ќе ја направиме кога ќе бидеме подготвени за тоа, мислам декаде по летната пауза.

Сеуште разгледуваме и анализираме, а најдобра комбинација е да останеме со сегашните возачи кои го развиваат болидот.

Мекларен го има под договор и Ландо Норис, за кого медиумите шпекулираат дека имаат “земи или остави“ опција за него, односно доколку не му дадат Формула 1 место во 2019 година, тој повеќе нема да биде нивни возач. Возачот појасни дека не би имал ништо против да биде послабо инволвиран следната година, со цел да биде многу поподготвен во 2020, но во игра влегува уште еден млад возач кој се покажува се подобро, Ник де Вриес.

Сметаме дека Ландо е идна ѕвезда и јасно е дека кога имате возач како него сакате да го задржите во семејството. Не би рекол дека ситуацијата со него е црно бела како што пренесуваат медиумите.


Саинз високо на листата на желби во Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>