Карлос Саинз истакна дека има многу доверба во способноста на Мекларен да направат камбек од нивниот моментален пад и повторно да бидат водечкa екипа во Формула 1.

Саинз се приклучи на Мекларен по престој во Торо Росо и Рено, но се приклучува на екипата по тежок период. Мекларен немаат победа од 2012 година и поминаа 99 трки без финиш на подиум. Во 2018 година завршија на шесто место, откако имаа проблеми со освојување на поени во втората половина од сезоната.

Мислам дека сакам да видам подобри резултати од 2018 година, а И тие сакаат да го видат тоа. Исто така и еволуција во текот на годината. По малку од се.

Мекларен се способни за тоа. Поради тоа преминав тука. Имам многу доверба во нив. Имам доверба во вториот најуспешен Формула 1 тим. Тие победувале, се надевам паметат уште како и по малку да се вратат на врвот.

Јас имам двегодишен договор со нив. Сакам, како возач, но и како фан, да го видам тимот во подобра форма напред.

Ако имаме добра прва година и добар старт, работите ќе еволуираат и можеме да создадеме семејство во Мекларен и да поминам повеќе години тука.

Тоа е моја цел во моментов. Ќе возам година по година, но сакам да видам и клучна фигура која ќе му помогне на Мекларен кон врвот. Поради тоа сум екстремно мотивиран, одвај чекам на тоа – изјави Саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.