Зголемената популарност на моторспортот во Русија би можело да доведе до формирање на руска Формула 1 екипа во иднина, според заменикот премиер, Дмитри Козак.

Русија го зголеми своето присуство во Формула 1 од скоро, преку возачко место на Сергеј Сироткин годинава, благодарејќи на подршката од СМП, руска финансиска институција.

Следната сезона Даниил Квјат се враќа на гридот со место во Торо Росо, додека младите возачи Артем Маркелов и Никита Мацепин имаат надеж да се приклучат во Формула 1 во иднина.

Знам дека има многу љубители на спортот во Русија, како и богати бизнисмени кои се подготвени да инвестираат во создавањето на руска Формула 1 екипа. Резултатот од нашите состаноци со производителите би требало да поведат кон создавање на руски Формула 1 болид.

Разговаравме околу 2024 година, но не верувам дека би можело да се заврши до тогаш. Но би можело да се случи во наредната декада – смета Козак.

Еден кој посакува плановите на Русија да се остварат е поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, кој беше посетител во падокот викендов во Сочи.

Одлично е што се зголемува бројот на руски возачи. Но се надевам дека ќе има и руска екипа. Тоа ќе биде уште подобро – вели Еклстон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.