Оливер Роуланд е задоволен од тоа како се одвиваше тест денот кој го доби во Вилијамс на Хунгароринг иако кон крајот на денот се појави и дожд. Британецот кој е официјален млад возач на екипата за сезонава комплетираше 65 кругови на вториот сезонски тест и завшри на 9то место од вкупно 10 возачи кои се појавија на патеката.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тој смета дека имал добар ден зад управувачот на ФВ41 болидот и покрај некои проблеми на почетокот на денот и прибрал многу податоци вклучително и оние за новото крило кое треба да се користи од следната година.

Генерално гледано, се мина добро иако би преферирал повеќе кругови, но не можевме против дождот кој се појави на крајот. Така е, никој не може да го контролира времето.

Се што сработивме беше согласно планот, имавме неколку подолги застанувања во гаража, но успеавме да надоместиме поради одличната работа на механичарите во текот на денот. Од гледна точка на екипата, прибравме мноту податоци и поради тоа сме навистина позитивно расположени – смета Роуланд.

Главниот за перформанси во тимот, Роб Смедли, исто така е задоволен со начинот на кој возачот го одработил тестот и смета дека пилотот добро се вклопил од самиот старт на сесијата.

Оливер заврши фантастична работа и беше многу професионален во однос целата програма прибирајќи многу податоци. Немаше среќа со времето на крајот од деног кога почна да врне затоа што во тие моменти конечно дојдовме до чист воздух, но не успеавме да комплетираме брзи кругови.

Сепак, тој не импресионираше сите со својата работна навика. Штом ги стави новите гуми на крајот од аеродинамичкото тестирање, направи одлична работа и покажа добар ритам – смета Смедли.

Вториот тест ден за тимот треба да го одработи Роберт Кубица.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.