Рос смета дека мора да им ја објасната реалноста на и дека Формула 1 се темели на одредени приоритети кои треба да се исполната за да јапонските производители успеат во врвот на моторспортот.

Хонда со својот напредок во текот на годината ги убедиле во Милтон Кинс дека може да им достават мотор со кој може да се борат за титула откако минаа година снабдувајќи го јуниорскиот тим, Торо Росо. Претходно, јапонците даваа свои мотори во Мекларен, но имаа неуспешни три години во тркачката серија, а немаат подиум од повлекувањето на фабричката екипа од спортот во 2008 година, кога шеф на тимот беше токму Рос Браун.

тајната на успехот за хонда е да се поврзат инженерите со предизвиците кои ги носи формула 1. кога јас стигнав во хонда, инженерите беа некако далечни во однос на потребите на тркачката серија, а моја работа беше да ги поврзам и да се осигурам дека ја правеа вистинската работа и ги исполнуваа приоритетите. тие имаа информации и имаа вистинска слика за тоа што се случува.

кога ја стигнав во хонда, сите сметаа дека нивниот мотор е еден од најдобрите, но јас имав големи познавања од мојот престој во ферари и веднаш сфатив дека тој мотор е далеку од најдобрите. морав да ги вратам во реалноста луѓето од хонда и да им помогнам да разберат кои се приоритетите, на што треба да се фокусираат и кои се важнит еелементи. мислам дека ред бул се одлични во поставување на целите – објасни рос браун.

Еден од факторите кои придонеле Ред Бул да се сврти накај Хонда била промената во врвниот менаџмент на тимот и назначување на Тојохару Танабе за главен крај патеката, а долгогодишниот инженер на компанијата, Јасуаки Асаки да биде главен во фабриката во Сакура. Со таквата промена, моторите се драстично подобрени.

многу е важно да се знаат вашите слаби страни, да се знаат вашите силни страни и да се знае кои се вистинските работи на кои треба да се фокусирате. доколку сетоа тоа се постигне, сигурно ќе бидат во силна позиција.

се чини дека во 2018 година имаа голем напредок, врската со мекларен со право се распадна и беше прав момент да продолжат по друг правец. ред бул се фантастичен тркачки тим, прават одлични болиди и тоа е голема можност за хонда да успее.

очекувам ред бул да продолжува да победува на трки, но дали тандемот ќе биде доволно добар за титули уште од првата година, не сум убеден. ќе биде навистина посебно да е така, но мислам дека следната ќе биде само вовед во нешто големо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.