Рос Браун појасни неколку митови околу Михаел Шумахер, еден од кој е дека Флавио Бриаторе “го открил“ германецот, кога всушност италијанецот одвај знаел кој е тој се до неговото брилијантно деби во Формула 1 на Белгиското Гранд При во 1991 година.

Во подкаст за Формула 1, Браун откри како се запознал со Шуми во годините со Том Валкиншоу Рејсинг.

Во 1991 година го имавме шампионскиот Јагуар, а единствената друга конкуренција која ја имавме беше Михаел во Мерцедес, бидејќи другите возачи не беа ни одблиску добри.

Спортските автомобили беа создадени за возење брзо, но исто така и за економично возење во трките. Михаел имаше брзи времиња по круг, со помалку гориво од другите и победуваше со огромна разлика.

Бевме спасени поради фактот што Мерцедес им дозволи на своите возачи да возат подеднакви стинтови со автомобилот, така што додека Михаел ни ја отежнуваше ситуацијата, другите двајца ни оставаа простор – вели Браун.

Овој податок ја уништува перцепцијата дека Карл Вендлингер и Хајнц-Харалд Френцен биле исто брзи колку и Шумахер кога беа во тимот со спортски автомобили на Заубер во таа ера. Во тој период Мерцедес ги држеше во тајност времињата по круг и намерно ги испраќаа своите возачи на патеката со различни конфигурации во обид да се задржат податоците во рамките на тимот.

Сепак, нивните ривали од Јагуар исто така ги анализирале германските возачи, а фактот што Браун потврдува дека Мерцедес го спонзорирале дебито на Шумахер ги прекинува сите шпекулации на таа тема. Исто така постои заклучокот дека тие знаеле кој е најдобар од тројцата, поради што го подржале возачот од Керпен за дебито во Џордан.

Во раните 1990-ти, Браун станал свесен за Шумахер во текот на нивните кариери со спортски автомобили.

Тогаш го запознав за прв пат и очигледно беше неверојатно брз, а тоа што ме импресионираше беше неговата способност да поставува времиња по круг со ограничено гориво. Многу конкурентни времиња во тој период.

Никогаш не знаете кога ќе се случи таа транзиција, тој беше неверојатен со спортски автомобили.

Кога се појавија разговорите за неговиот премин во Формула 1, Том и јас веќе бевме вклучени во Бенетон и нетрпеливо сакавме да го донесеме во болидот бидејќи знаевме колку може да биде добар – вели Браун.

Браун додаде дека знаеле пред неговото пристигнување во Спа, дека германецот е посебен, а сакале да се откажат од услугите на Роберто Морено и да го спојат дебитантот со ветеранот Нелсон Пике.

Проблемот е што имавме двајца возачи во болидот (Морено и Пике), а Џордан имаа слободно место и се обидовме да го убедиме Флавио дека треба да се случи таа промена, но тој не беше убеден бидејќи не знаеше ништо за Михаел Шумахер.

Секако дека откако Михаел се појави на Спа и покажа такви перформанси, тој веќе знаеше кој е, така што “дека Флавио го открил Михаел Шумахер“ е помалку преувеличување. Том и јас бевме очајни да го донесеме во болидот.

И Флавио беше убеден откако во виде во Спа, а со тоа започна и борбата да се префрли од Џордан во Бенетон – додаде Браун.

Еди Џордан често ја кажува и својата верзија од приказната и како го загубил германецот. Најголеми губитници во тој период всушност беа Мерцедес кои го подготвуваа Шумахер покрај Вендлингер и Френцен за повраток во Формула 1 со Заубер во 1993 година.

Всушност, Мерцедес го спонзорираа неговиот влез во Формула 1 и паметам дека некои лица од Мерцедес беа вклучени во дискусиите, но искрено тоа беше нешто помеѓу Том и Флавио, додека јас ги следев од далечина, бидејќи мојата улога беше во инженерингот на болидот.

Тој беше прилично добро балансиран во Бенетон, со доволно доверба да ја извршува својата работа. Тој беше многу желен да учи. Тој од самиот почеток беше голем професионалец – заклучи Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.