Рос бара од Пирели да работи заедно со екипите за да се стигне до подобар компромис на компонентите кои се нудат во Формула 1.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По последната Формула 1 трка во Мексико, спортскиот директор посочи дека има голема разлика во перформансите помеѓу водечките на гридот и останатите, но забележа и дека некои тимови имале многу онзервативен пристап поради гумите, што влијаело на трката.

покрај вообичаената разлика во перформансите, менаџирањето на гумтие имаше голем удел во трката. нико хулкенберг, шарл леклер, стофел вандорн и маркус ериксон менуваа само по еднаш и беа многу претпазливи за да стигнат со истите гуми до целта – посочи рос.

Сепак, Браун е свесен за тешкиот предизвик пред кој се наоѓа производителот на гуми кој мора да гарантира деградација, но и одреден степен на издржливост на гумтие.

од една страна мора да донесат гуми кои деградираат за да ги направат трките возбудливи, но од друга страна возачите сакаат да го искористат сиот потенцијал на болидите. поради тоа не е лесно да се најде компромис и важно е двете страни да работат заедно – смета браун.

ФИА и Формула 1 веќе објавија нов Тендер за снабдувач со гуми кој ќе го покрива спортот од 2020 година до 2023 година, период од 4 години, а само Пирели и Ханкок се јавија со свои понуди на тендерот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.