Рос Браун изјави дека е нетрпелив да ја смени Формула 1, но инсистира дека тој процес е бавен и бара консултации со тимовите за промената да биде исправна.

Поранешниот технички директор и тимски шеф дојде во Либерти Медиа за да им помогне на новите газди на Формула 1 да направат голема промена на правилата во спортот за 2021 година. Браун е јасен дека сака поблиска борба и повозбудливи болиди, но сепак со намалување на трошењето.

Иако напредокот кон такви радикални правила не е брз како што Браун би сакал тој смета дека не треба да се брза кон промена без согласност од тимовите.

Јас сум задоволен со насоката, но не и со темпото. Ова е голем предизвик и мора да се внимава што се случува и знам дека ако не го започневме процесот немаше да сме до таму каде што сме.

Секако јас сум нетрпелив за тоа што ќе се случува. Потребна е вклученост на тимовите и да се најде решение со нив и ФИА. Мислам дека се движиме во вистинска насока. Ова е прв пат во Формула 1 да имаме ваков пристап и да го подобриме спортот. Работиме само две години и мислам дека сум оптимист за тоа што ќе се случува во наредниот период – објасни рос.

Неговата улога во Либерти е различна од тоа што претходно го работел.

Ова е работа со различна динамика. Во тим имате различен успех на трки и доколку победите тогаш сте возбудени, или доколку изгубите сте тажни. Ова е различно.

Наша работа е да ги подобриме болидите и спортот. Но секако јас уживам во мојата улога во тимот за да ја сменам Формула 1 и тоа се случува сега. Мислам дека за неколку години ќе сме таму каде што сакаме. Насоката е добра и можам да ги видам промените. Би сакал да сме побрзи но не е можно. Сега имаме подобра насока откако дојдов.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.