Спортскиот директор на Формула 1, Рос , верува дека актуелните производители во спортот не сакаат дополнителна конкуренција.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, неодамна изјави дека челниците на спортот се алчни и дека четири производители се сосема доволно. “Сребрените стрели“ снабдуваат три екипи, исто колку и Ферари, додека Рено и Хонда ќе снабдуваат по две. Иако целта на новите правила по 2021 година беше привлекување на нови производители во спортот, се поизвесно е дека тоа нема да се случи.

јасно е дека денешните производители не сакаат дополнителна конкуренција, но најдовме компромис. ги променивме правилата така што новите производители при влезот во спортот ќе добијат поддршка од останатите, ќе постои технологија и делови кои ќе мора да бидат споделени со новите учесници – откри браун.

Поранешниот член на Ферари, Браун и Мерцедес призна дека чекорот кој го направиле не е толку голем како што претходно планирале, но сепак е во вистинска насока.

не е радикално како што првично предложивме, но е во вистинска насока. им ставивме до знаење на сегашните производители дека доколку некој побара помош од нив не смее да останат глуви и неми на тоа. ако иам сериозни компании кои сакаат да се квлучат, мора да се најде начин да им се помогне во тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.