Спортскиот шеф на Формула 1, Рос , верува дека Шарл ќе донесе подобрување во следната година.

Младиот возач роден во Монако, по една сезона мината во Заубер, покажувајќи импресини резултати, минува во славниот Ферари каде колега ќе му биде четирикратниот првак, Себастијан Фетел. 21-гпдишникот имаше одлична дебитантска сезона во која освои 39 поени од вкупно 48те на Заубер кои завршија на 8мо место кај тимовите, а тој заврши на 13то место кај возачите пред искусниот Роман Гросжан.

Леклер своето прво појаување во црвениот болид откако беше официјализирана соработката го имаше на тестот за Пирели по трката во Абу Даби и го постави најбрзото време во текот на двата денови тестирање.

шарл леклер беше вистински импресивен во однос на брзина и талент, но сега ќе мора и дополнително да се подобри. сигурен сум дека неговото пристигнување во ферари ќе го подобри тимот и ќе додаде вредност за фетел догодина – објасни браун.

Неколку грешки на страна на Ферари Фетел ја уништија фантастичната прва половина од сезоната за италијанците, а Рос, кој е архитект на доминантниот Ферари од почетокот на 2000-те години, смета дека Скудерија се подобрила поради променетиот пристап сезонава.

кога некој не освојува титула, а се чини дека треба да ја освои, се поставува прашање каде е грешката. кога тимот под сомнеж е ферари, тогаш прашањето не се поставува само во менаџментот, туку станува национален проблем во италија, така сметам јас од искуството при мојата декада мината во ферари.

ферари заврши на 2ро место во двете првенства, но тоа едноставно не е доволно добро кај нив дома. но, мора да има задоволство во ферари затоа што во текот на две години, екипата силно му се приближи на мерцедес кои во 2016 година “им бегаа“ секунда по круг.

промената кај техничкиот менаџмет која ја спроведе починатиот серџо маркионе даде плодови годинава и мислам дека сето тоа резултираше со нов пристап на кој тимот работеше. мина деценија откако ферари победи на 6 трки во една година и тргна од пол позициија исто толку пати.

себастијан фетел имаше страшен противник во луис хамилтон, но за разлика од англичанецот, германецот не победи на трките на ои требаше да победи и на кои не беше фаворит – анализира рос.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.