Рос Браун очекува моќен одговор од Мерцедес

252
   

Директорот за моторспорт на Формула 1, Рос Браун, изјави дека очекува Мерцедес да вратат со цела сила по катастрофалната трка која ја имаа во Австрија. Во Франција “сребрените“ донесоа нов мотор и многу новини на шасијата и имаа фантастична трка. Но, техничките проблеми и дефектите кај двата болида на последната трка им донесоа прва двојна незавршена трка по Шпанија во 2016 година. Како резултат на тоа, Мерцедес го загуби водството и кај конструкторите и кај возачите во генералниот поредок.

Рос Браун го водеше враќањето на Мерцедес во Формула 1 од 2010 година до 2013 година откако во фабриката во Бракли работеше од 2007 година, но истата тогаш беше во сопственост на Хонда, на кои Рос им го продаде својот БАР тим.

Тоа што требаше да биде можност да се одлепат од Ферари и Себастијан излезе сосема спротивно за германците на двата фронта. Сепак, по тешките моменти во Канада, МЕрцедес покажа огреомен напредок на перформансите со претставување на голем дел од својот развој кај моторот и шасијата.

Во Франција нивниот нов мотор испорача фантастични перформанси, но во Австрија беше сосема спротивно.

Сепак, сигурен сум дека во Силверстон каде Хамилон ќе има огромна мотивација од свотие фанови, тркајќи се пред домашната публика, екипата ќе се врати моќно – смета Браун.

Од 2012 година Мерцедес нема загубено трка во Британија, Нико Розберг победи во 2013 година, а потоа следуваа 4 победи по ред за Луис.


Рос Браун очекува моќен одговор од Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>