Рос Браун: Не го брзајте Шумахер во Ф1

225
   

Директорот за моторспорт во Формула 1, Рос Браун, им се обрати на тимските шефови да не го брзаат Мик Шумахер во Формула 1 пред да биде целосно подготвен за тоа. По тивкиот прв дел од Европската Формула 3 сезона, 19-годишникот експлодираше со три победи во исти викенд во Нирбургринг. Следуваа уште две победи на трите трки на Ред Бул Ринг по што го превзеде врвот од поредокот од Дан Тиктум.

Поради фантастичната форма во тимот на Према, многу брзо почнаа шпекулациите за експресен трансфер на младиот германец во Формула 1. Но, Рос Браун, поранешен шеф на Формула 1 екипа и одличен пријател на таткото на Мик, Михаел, повика на внимателност.

Возбуден сум што толку добро му оди и носи кај мене многу убави спомени, но мора да направи уште неколку чекори пред да е подготвен за Формула 1.

Мик е многу зрел млад дечко и мислам дека е свесен дека треба дополнително да се развие за да стане Формула 1 возач – смета Рос.

Браун смета дека дури и ако Шумахер стане Европски Формула 3 првак по финалниот викенд на 14 Октомври, подобро за него ќе биде да се премести во Формула 2 за следнта година.

Ако Мик сака да се подготви соодветно за Формула 1, тогаш Формула 2 е следен логичен чекор за него.

Формула 2 претходно беше позната како ГП2 и шампиони во неа беа Нико Розберг, Луис Хамилтон, нико Хулкенберг и Роман Гросжан и тоа е серија која “ја рани“ Формула 1 со талент.


Рос Браун: Не го брзајте Шумахер во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>