Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, му честиташе на Луис Хамилтон за петтата титула која ја освои во Мексико. Хамилтон направи огромна предност пред Себастијан Фетел по летната пауза и му се приклучи на Хуан Мануел Фанџо и Михаел Шумахер како единствени освојувачи на минимум 5 титули. Браун беше дел од менаџментот на Мерцедес во првата сезона за Хамилтон во тимот.

Не знам како да му честитам на Луис за титулата. Тој сега се израмнува со Фанџо и тоа е извонредно. Тешко е да се најде спортист кој постигнал толку за толку кратко време. Ова е 12та титула за Луис, тешко е да се направат споредби но ова е најтешко освоената до сега – смета Рос.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Браун работеше со седумкратниот шампион Михаел Шумахер во Бенетон и во Ферари и поради тоа верува дека Хамилтон ја има истата желба за победа и нема да сопре.

Оваа година Мерцедес имаше конкуренција од Ферари кои имаа побрз болид што се виде во Мексико. Да се освои титула на две трки до крајот е импресивно, а Луис има подршка од одличен тим.

Една карактеристика го прави Луис посебен, а тоа е неговата можност да победи на повеќе трки на кои не е фаворит како што се виде во Германија, Италија и Унгарија. Секако тој победува секаде, но тоа е посебна карактеристика на уште еден возач а тоа е Михаел Шумахер. Луис е веќе дел од Формула 1 историјата и станува легенда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.