Активностите на Луис Хамилтон надвор од патеката го научиле Директорот за моторспорт на Формула 1, Рос , како возачите може да се однесуваат надвор од болидот.

Британецот дојде до својата 5та титула сезонава, а претставувањето на својата нова колекција во соработка со Томи Хилфигер, крена многу прашина. Луис е глобална ѕвезда, вистинска славна личност, а лани стави јасно до знаење дека активностите надвор од патеката го прават многу посреќен.

Извлеков поука, веројатно имав традиционално гледиште на возачите и тоа што треба да следат одреден животен стил кога се надвор од болидот за да ги максимизираат своите перформанси на трка. она што луис го прави надвор од болидот во однос на неговиот фитнес и подготовка многумина го потценуваат.

во исто време тој има страст да патува околу светот на различни музички настани и модни случувања. тоа е уникатно и покажува дека тие работи може да се постигнат. ако некој не е успешен, а животниот стил му се судир со работата, тоа може да се земе како причина за неуспех, затоа што јас сум навикнат на поконзервативен пристап.

јас се восхитувам на неговата сила, на желбата да го организира својот живот, на тоа што знае што е најдобро за него и што го мотивира. во исто време тоа е одлично за формула 1, да се има некој такво силен карактер секако дека е одлично за спортот – објасни браун.

И покрај густиот распоред во 2018 година, Хамилтон успеа да победи на 11 трки, да стигне до исто толку пол позиции, да донесе двојна титула и покрај се посилната конкуренција од Ферари и Ред Бул.

има страшно добар инженерски тим, бев таму во 2007 година кога тимот сеуште беше хонда, ја спроведов транзицијата од браун кон . но, таму сеуште се истите луѓе, првокласни инженери со одлично познавање за тркањето.

мислам дека тото направи одлична работа што го задржа тимот стабилен и го убеди бордот на мерцедес да инвестира како што тоа го правеа до сега. тиа само работат и напредуват, самите поставуваат цели и ги постигнуваат. заслужуваат се што постигнаа.

понекогаш и самиот сум горд затоа што таму се истите луѓе како јадро на тимот и работат исто како што работеа и претходно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.