Рос Браун и Култхард “неспортски“ – Одобруваат тимски наредби

461
   

Тимските наредби биле дел од спортот колку и што постои Формула 1, дали кога Тони Брукс му ја предаде победата на Стерлинг Мос во 1957 година во Аинтре, или кога Валтери Ботас го пропушти Луис Хамилтон на Руското Гранд При 61 година покасно. Но по изјавите наведени подолу на Рос Браун и Дејвид Култхард, очигледно е дека и двајцата не ја сфаќаат суштината на спортот и тоа што фановите го посакуваат. Само затоа што се случиле во минатото, не значи дека тимските наредби треба да се повторуваат!

Поранешен тимски шеф, Рос Браун, и поранешниот возач, Дејвид Култхард, кои и двајцата биле дел од моменти на тимски наредби, го нудат своето мислење зошто доаѓа до такви моменти воопшто и зошто истите ќе бидат и понатаму дел од Ф1 …

Од гледна точка на стратег: Рос Браун

“Јас верува дека колективниот интерес на тимот секогаш има предност пред индивидуалецот.“

Во Парк Ферме по Руското Гранд При, беше забележливо дека ниту еден од трите возачи не изгледаше особено среќно. Себастијан Фетел можеби имаше причина, поради резултатот по кој шансите за титула му се уште помали. Но, Луис Хамилтон ги имаше сите причини да биде среќен, додека Валтери Ботас му помогна на Мерцедес да стигне до третиот 1-2 финиш во сезоната.

Настаните во 25от круг, кога Мерцедес му посочи на финецот да му ја препушти позицијата на неговиот тимски коелга, следејќи со следните инструкции да ја задржи таа позиција, имаа свое влијание на ситуацијата. Сепак, сметам дека одлуката на германскиот тим беше правилна. Главна цел на тимот е да го постигне најдобриот резултат во двете првенства и токму поради тоа ја донесоа таа одлука.

Се најдов себеси во таа ситуација повечќе пати во минатото. Секогаш верував дека колективниот интерес на тимот доаѓа пред индивидуалецот. Можеби не е лесно прифатливо од фановите, ниту пак изгледа добро за спортот, а тимот мора да ја пресуди ситуацијата и да донесе своја одлука.

Австрија 2001 е познатиот пример, за првенството, во Ферари сакавме Михале да заврши пред Баричело. Откако се најде себеси во позиција за победа, Рубенс не сакаше да го препушти Михаел и кога се случи последната промена на финиш линијата, тоа создаде негатива за тимот и за тие кои гледаа на патеката и пред ТВ екраните. Доколку Рубеснс го препуштеше Михаел по првите неколку кругови од трката, како што се договоривме претходно, најверојатно немаше да изгледа толку негативно.

Можам да ја разберам фрустрациајта на Ботас во Недела, тој имаше одличен викенд, покажа колку добро ја познава патеката, но тимските наредби се дел од спортот. Исто така, секогаш е подобро да ги примените на транспарентен начин, наместо да се криете позади тоа, нешто што сме го виделе во минатото, што повикува на измама. Не е најатрактивна страна на спортот, но секогаш била дел од тоа, добра или лоша, и подобро е да биде на отворено – вели Браун.

Од гледна точка на возач: Дејвид Култхард

“Френк Вилијамс ми кажа: Ти си една индивидуа која ја плаќам за да го вози болидот. Имам одговорност пред 600 луѓе кои се вработени во Вилијамс.“

Дали би го направил тоа што Мерцедес го направи во Русија? Да, апсолутно, 100%. Тоа ќе беше максимум за кој ќе се дискутираше потоа. Очигледно мора да има околности за тоа да функционира. Но во овие околности, земајќи го во предвид значењето на првенството во конкуренција на возачи, тоа е одлука на менаџментот и е правилна одлука.

Живеев низ истот кога тимските наредби не беа официјално дозволени, но се случуваа. Во 1997 година во Херез кога Жак Вилнев и Михаел Шумахер имаа контакт, јас го препуштив Мика Хакинен, во 1998 година во Мелбурн се поместив за Мика, во 1994 година во Монца се поместив за Дејмон Хил, така што сум бил во таа ситуација.

Во 1997 година, во Херез, се жалев во текот на 20 кругови и потоа ги прифатив наредбите од тимот, што е клаузула во нашите договори, дека мора да прифатите фер инструкции од вашиот тим. Потоа има разговор со Рон Денис и се обидов да разберам зошто ја донесоа таа одлука. Но јас бев на подиумот со Жак и Мика и мислам дека ќе најдете фотографија од Жак на нашите рамења бидејќи го освои првенството. Не ја уништив неговата прослава.

Френк Вилијамс одамна ми кажа. Тој не споделуваше се со мене, но откако почнав да го запрашувам, тој ми кажа “да, во право си, не ти ги кажав сите информации кои ги имав. Но ти си индивидуа која ја плаќам да го вози болидот. Јас имам одговорност кон 600 вработени во Вилијамс“. Многу е лесно да се изнервирате кон некого во менаџерска позиција поради нивните одлуки. Паметам дека Алекс Фергусон еднаш изјави “најважна личност во фудбалот е менаџерот. Бидејќи моментот кога ќе изгубите контрола над вашите играчи, ја губите нивната почит, опашката го води кучето и не постои друг начин околу“.

Во крајна линија, за еден возач да се чувствува пријатно, би можеле да ризикувате и да не го освоите првенството. Сега Мерцедес имаат предност од 2 трки за Хамилтон во кои немора да заврши, а Фетел мора да победи, што не би било случајот ако не се донесеше одлуката. За мене е целосно јасно дека е правилна одлука, на ист начин како што Мекларен ја донесе вистинската одлука фаворизирајќи го Мика во такви ситуации, а тој ја освои титулата против Михаел. Не јас – вели Култхард.


Рос Браун и Култхард “неспортски“ – Одобруваат тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>