Роланд се сомнева дека ќе добие шанса догодина

51

Оливер Роланд вели дека ќе биде екстремно тешко за него да биде на Формула 1 гридот во 2019 година и покрај импресивната форма која ја покажа за Вилијамс во текот на два теста годинава, особено поради големиот број на конкуренти од јуниорските класи.

Шампионот од 2014 година во Формула Рено 3,5 серијата најголемиот дел од времето го поминува во симулаторот на Вилијамс, како нивен официјален јуниорски воач, но покрај возачи како Џорџ Расел, Ландо Норис и Александер Албон во Формула 2, Роланд признава дека не е веројатно тој да го добие возачко место.

Постојат многу возачи кои се пред влезот. Јас сум прилично среќен со мојата ситуација во моментов.

Соработката со тимот е се посилна и посилна и уживам во мојата работа во фабриката. Морам да продолжам во таа насока, да ги извршувам своите обврски кон тимот и кој знае тоа каде ќе води – вели Роланд.

Едно седиште кое можеби ќе биде слободно е во сегашниот тим Вилијамс, особено доколку Ленс Строл го исполни трансферот во Форс Индија, иако моменталниот шампион во Формула 2, Џорџ Расел, се споменува за тоа место, поради подршката од Мерцедес. Роланд сепак истакнува дека нема насилно да бара место и ќе продолжи со својата одлична работа за Вилијамс до крајот на 2018 година.

Вилијамс имаат возачи со договор за наредната година, така што нема шанса, но сите ги слушаат шпекулациите. Јас ќе останам да бидам тивок.

Тимот изгледа дека е среќен со мојата работа и нема да застанам и да извикам “гледајте ме мене“ или нешто слично. Само ќе ја вршам својата работа и ќе се надевам дека таа ќе биде забележана.

Се враќам во симулаторот, ќе продолжам да го работам тоа. Имаме навистина добар прогрес во фабриката и се надевам дека ќе присуствувам на уште неколку трки.

Кој знае, постои тест на крајот по Абу Даби и ќе дадам се до тој момент – додаде Оливер.


Роланд се сомнева дека ќе добие шанса догодина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>