Роуланд возбуден за вториот тест со Вилијамс

46

Младиот возач на Вилијамс, Оливер Роyланд, одвај чека да се врати позади управувачот на болидот на Вилијамс наредната недела.

Поранешниот возач во ГП2, Формула 2 и Формула Рено 3,5 моментално има двојна улога во Вилијамс, како и во Светското Првенство на Издржливост со екипата на SEFC TRSM Racing. Но 25 годишниот од Шефилд е целосно фокусиран кон седиште во Формула 1.

Крајната цел е Формула 1. Тоа од секогаш била моја амбиција. Напорната работа и одлучноста се клучни фактори за седиште во Формула 1, тоа е природата на спортот. Само се концентрирам на напорна работа за Вилијамс, а ќе оставам луѓето да одлучат – вели Роуланд.

Моментално, Роланд ќе учествува во тест сесијата по трката во Хунгароринг. Во тестот ќе му се приклучи и Роберт Кубица. Во претходен наврат, Роуланд тестираше во Мај, кога комплетираше 121 круг на патеката Каталуња во Барселона.

Мојот прв тест во Барселона беше возбудлив и интересно искуство од моја страна, но навистина уживав. Се обидов да обезбедам што повеќе податоци за екипата и мислам дека завршив добра работа.

Сакам да продолжам со добрата работа и да го импресионирам тимот уште повеќе. Одвај чекам да се вратам во болидот и да ги покажам своите способности.

Сезоната е прилично тешка за Вилијамс досега, но се надевам дека со подобрувањата тимот ќе може да се подобри во останатите трки.

Навистина сум среќен со мојата сезона досега. Напреднав и тоа е важно. Вилијамс ми даде можност и сакам да им возвратам со напорна работа и позитивен фидбек – додаде Роланд.

Роланд ќе тестира во Вторник, 31 Јули, а Кубица ќе ги превземе должностите во Среда.


Роуланд возбуден за вториот тест со Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>